Во племенски судири за контрола над земјиште богато со нафта во суданската држава Западен Кордофан загинаа 41 лице, а 13 се тешко ранети, соопштија локални извори.
Во текот на вчерашниот ден тешки борби се воделе меѓу ривалските кланови Зуруг и Авлад Амран на бројното племе Мисерија, за сопственост над земјата на која се градат дупчалки и се трага по нафта
Богатиот со нафрта Западен Кордофан се граничи со Јужен Кордофан каде владините сили речиси три години се борат со суданските бунтовници.