Во реонот на Париз и во јужниот дел од Франција утрово биле уапсени четири лица, за кои постои сомнеж дека се поврзани со џихадистички групи, изјави францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнов.
Според него, уапсените се осомничени дека регрутирале доброволци за терористички активности во различни држави.
– Во јужниот дел на Франција продолжуваат апсењата на евентуални екстремисти. Не треба да им оставиме никаква можност, нагласи Казнов.
Пред три дена во јужниот дел од земјата беше уапсен француски државјанин, осомничен дека убил три лица и едно ранил по тешко во Еврејскиот музеј во Брисел.