Четири сребрени и шест бронзени медали за младите каратисти на ЕШ во Романија

Од:

Четири втори и шест трети места освоија членовите на македонската репрезентација на Европскиот шампионат во традиционално карате – фудокан  за сениори, јуниори кадети и деца, кој од 29 мај до 1 јуни се одржа во Галати, Романија.

Јелена Дробниќ освои сребрен медал во кихон кумите за деца од 10 до 12 години, а Мила Саздова, Ана Крстевска и Берта Милевска сребрени медали во кого – кумите екипно за кадетки.

Бронзен медал во кого – кумите за кадетки и во фукуго за кадетки освои Берта Милевска, а Ана Крстевска бронзен медал во кихон кумите за деца од 12 до 14 години.

Антонија Белазелкоска го освои третото место во кихон кумите за деца од 10 до 12 години, Матеј Јарчевски трето место во кати за деца од 6 до 7 години, а Катарина Дробниќ трето место бронзен медал во кати за деца од 6 до 7 години.

На ЕШ во Галати, Романија учествуваа 28 земји со над 300 натпреварувачи. Судии на овој Европски шампионат беа Венцислав Недев и Дејан Недев.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје