Сноуден поднел барање за азил во Бразил

Од:

Поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА) Едвард Сноуден соопшти дека поднел барање за азил во Бразил и дека очекува тоа да биде прифатено од хуманитарни причини.

– Би сакал да живеам во Бразил, истакна Сноуден, кој моментно се наоѓа во Русија и чиј привремен азил истекува во август.

Тој нагласи дека побарал азил во неколку земји, вклучувајќи го и Бразил, и очекува дека ќе му биде одобрен од хуманитарни причини, а не за да „понуди тајни документи од НСА на која било држава во замена за сигурно засолниште“.

Поранешниот системски администратот во НСА минатата гоина објави голем број тајни документи, кои јасно покажаа дека американските разузнавачки служби прислушувале жители на повеќе земји, меѓу кои и на Бразил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск