Европа е одговорна за она што се случува во Украина во моментов, смета лидерката на француската крајно десна партија Народен фронт, Марин Лепен во интервјуто за германскиот неделник Der Spiegel.
„Претпочитам федерализација на Украина. Европската унија доела масло на огнот, предложувајќи ѝ на земјата економско партнерство каде што половината (од населението) гледа на Исток”, вели Лепен.
Челничката на Националниот фронт кој на изборите за Европскиот парламент на национално ниво победи пред конзервативците и владејачките социјалисти, истакнува дека Европа „по наредба на САД ја претставува Русија во лоша светлина”.
Според Лепен, државите од Стариот свет, „мора да имаат свое мислење, а не да гледаат на сѐ со очите на САД”.
„Американците се обидуваат да ја прошират сферата на своето влијание во светот, пред сѐ, во Европа. Тие ги следа своите интереси, а не нашите”, вели Лепен.
Во интервјуто за германскиот неделни, Лепен вели и дека политиката на рускиот претседател Владимир Путин ја неа „предизвикува одредено восхитување”, затоа што тој „не им дозволува н другите земји да му и наметнуваат одлуките”.
„Сметам дека тој, во прв ред, ги следи интересите на Русија и на Русите”, додава.