Во Марсеј уапсено лице кое веројатно го извршило четирикратното убиство во Еврејскиот музеј во Брисел

Од:

Лице за кое постојат сомневања дека го извршил четирикратното убиство во Еврејскиот музеј во Брисел во петокот било уапсено на автобуската станица во Марсеј, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според информации на полицијата, станува збор за 29-годишниот Мехди Немуш, со потекло од Рубе, на северот од Франција, недалеку од границата со Белгија.

За него постојат сомневања дека во 2013 година престојувал во Сирија како џихадист, поради што бил на листата на француската контраразузнувачка служба (ДГСИ). Тој бил уапсен при рутинска контрола на автобуската станица Сант Шарл во Марсеј од страна на француската царина, која вообичаено ги конторлира автобусите кои доаѓаат од Амстердам преку Брисел до Марсеј.

Според изворите блиски на истрагата кај него во багажот е пронајден калашников и револвер со муниција од ист тип како што беше употребен при убиствата во Еврејскиот музеј во Брисел.

Покрај оружјето тој имал и мала видео камера, како и капа како таа што ја носеше убиецот од Брисел.

Во нападот на музејот минатата сабота беше убиена една двојка од Израел, еден француски волонтер и еден вработен. Белгиските истражни органи сметаат дека станува за терористичка акција, а беше лиферувана и видео снимка на која се гледа како едно лице се приближува кон музејот, потоа како влегува и за две минути пука повеќе пати со калашников што го вади од неговата торба.

Уапсениот е притворен и се наоѓа во рацете на француската тајна служба.Неговиот притвор може да биде продолжен до вторник.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм