Поради ретката автоимуна болест секој стрес кој го доживува 17 годишната Џенифер Лојд од Манчестер може да ја доведе до смрт.
Имено, станува збор за Едисонова болест, автоимуно пореметување поради кое имуниот систем на организмот поради било кој стрес, го напаѓа и уништува здравото ткиво, односно органите во телото.
Стресот при учењето е еден од факторите кој предизвикува напади кај оваа девојка. Доколку не прими терапија на време, Џенифер се онесвестува, а ова пореметување може дури да предизвика и смрт.
„Болеста ме измачи. Мајка ми повеќе пати ме затекнала кога сум заспала, односно сум се онесвестила над книгата”, вели Џенифер која неколку испити ги спремала во болницата.
Иако е добар ученик, се откажа од Оксфорд или Кембриџ, бидејќи болеста која ја има, таму би можело да ја убие. Џенифер истакнува дека избегнува непотребни стресни ситуации.
„Поради сето тоа морам да бидам поорганизирана од моите пријатели. Да правам редовни паузи во учењето”, вели девојката чија болест била откриена кога имала само 7 години.