Аргентинскиот репрезентативец Анхел ди Марија тврди дека е среќен на „Сантијаго Бернабеу”, но е свесен дека може да се дојде до таков момент за време на трансфер прозорецот, кога ќе му наредат да си замине.
„Многу е разочарувачки кога даваш сé од себе за еден клуб и по едно време некој одлучи дека треба да те прати во Тотенхем, на пример. Но тоа беа медиумски шпекулации околу моето име”.
Тренерот Карло Анчелоти исто така планира да се потпира на него, но не е јасно дали Перез нема да побара да купи уште поголема ѕвезда и да го финансира трансферот со продажба на Аргентинецот.