Во Франција откриени евтини прехранбени производи со сомнителен квалитет

Од:

Францускиот Државен завод за ревизија во својот најнов извештај посветен на безбедноста во исхраната, до кој дојде весникот „Телеграм“, изразил голема загриженост и бил „шокиран“ од некои сознанија најевтините прехранбени производи, јави дописникот на МИА од Париз.

– Понудата на производите со најнсика цена може да изгледа атрактивна, но нивната систематска консумација од се поголем број жители може да има последици за јавното здравје, стои во извештајот.

Според неговите автори,  ветеринарните служби откриле дека во сувомеснатите продукти со најниски цени било ставано месо „чија боја била меѓу сива и зелена, кое не е наменето за човечка потрошувачка“, како и дека имало мувла, живи или мртви глувци и измет од глодари.

Заводот за ревизија е специјализиран за финансиските контроли и се задржува на проблемите во безбедноста на храната од аспект на недостиг на контроли поради недоволен персонел, кој би требало да ја гарантита безбедноста на храната, посебно во трговските центри, месарниците, рестораните, но исто така во училишните кантини и болниците.

Отсуството на значајна контрола и казни, открива многу сериозни слабости во системот за безбедност на храната, заклучува Заводот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм