Продолжен е притворот на поранешниот министер за внатрешни работи Клод Геан во рамките на истрагата за контраверзната арбитража во полза на Бернар Тапи во аферата со купопродажбата на Адидас, јавува дописникот на МИА од Париз.
По изречената мерка притвор во понеделникот, истата мерка беше суспендирана во текот на ноќта поради здраствени причини, но таа е се уште во сила, објасни адвокатот на Геан, Филип Буше Ел Гози.
Поранешниот генерален секретар на Елисејската палата и десна рака на поранешниот претседател Никола Саркози при освојувањето на власта е испрашуван од полицијата за неговата улога во арбитражата која на Бернар Тапи му донесе 400 милиони евра во 2008 година. За оваа арбитража се сомнева дека не била праведна и била во полза на Бернар Тапи.