Сноуден тврди дека не бил обичен програмски администратор, туку вистински шпион

Од:

Поранешниот соработник на американското разузнавање Едвард Сноуден, кој објави податоци за масовната програма на САД за следење на комуникациите во светот, изјави во интервју за Ен-Би-Си дека бил обучуван за шпион.

Сноуден тврди дека бил обучуван како шпион и дека работел како таен агент во странство за разузнавачките агенции.

Во прво интервју за американски медиум, за телевизија Ен-Би-Си направено во Москва, Сноуден ги отфрла тврдењата дека бил нископоставен програмски администратор. Сноуден истакнува дека „едвај бил ниско ниво“ и дека работел „на сите нивоа, од оснонвни работи до врвни“.

Интервјуто со Сноуден е направено минатата недела и ќе биде целосно емитувано денеска. Првично беа објавени само воведни делови од него.

Сноуден во интервјуто се брани од тврдењата во кои се негира неговото шпионско искуство, пред да ги украде и објави доверливите информации од НСА.

Пред презентерот Брајан Вилијамс, тој изјави дека бил обучуван за шпион во традиционална смисла на зборот и тајно дејствувал во странство, под туѓо име и претставувајќи се дека работи нешто друго.

Именувајќи се себе си како технички експерт, Сноуден истакна дека не работел со луѓе и не врбувал агенти.

– Тоа што го правев јас е системите да работат за САД, истакна Сноуден, додавајќи дека го работел тоа на сите нивоа, од најниско до највисоко ниво.

Сноуден тврди дека работел на тајни задачи во странство за ЦИА и за Агенцијата за национална безбедност, како и дека предавал на академијата за обука за контраразузнавање, каде работел на „средства и методологија“ за заштита на информациите и Американците низ светот.

Поранешниот разузнавач на американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден, доби азил во Русија во август 2013 година, откако објави низа доверливи информации за масовна шпионажа во САД и целиот свет и тотално надгледување на Интернет и телекомуникациските мрежи.

Сноуден преходно во интервју за германскиот магазин „Штерн“ најави нови шпионски документи за Германија, нагласувајќи дека тој лично во американската НСА работел на комуникациите со Германија.

– Јасно кажано уставните права на сите граѓани на Германија се повредени, изјави Сноуден во интервју на „Штерн“, кои ќе бидат објавени во четврток.

Германската разузнавачка служба работи „рака под рака“ со Американците. Очигледно е дека сакаат и понатаму да го прикриваат фактите што би предизвикале вознемиреност во јавноста, нагласи Сноуден и побара од германските политичари појасно да се изнесуваат на темите за шпионирањето и да се ангажираат за заштита на приватноста.

Сноуден, во однос на истекот на неговиот азил во Русија, изјави дека би сакал да се задржи некое време во Германија.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска