Саем за транспорт – товарни возила

Од:

Волво, Сканиа, Ивеко, МАН, Отокар, Мерцедз бенз, Сетра,… се само некои од компаниите учеснички на третиот Саем за транспорт – товарни возила што ќе се одржува од денеска до 31-ви овој месец на Скопски саем.

На надворешниот изложбен простор, на вкупна површина од 2.500 метри квадратни, ќе се претстават импортерите на товарни и комерцијални возила, компании кои вршат услужни дејности и компании од пратечката индустрија за товарните возила.

Како што велат организаторите, Саемот обезбедува богат избор на возила со висок квалитет, модерен дизајн, економични со достапни цени, долговечна употреба и ниски трошоци за одржување.

– Очекуваме дека богатата понуда на товарни и комерцијални возила ќе биде од интерес за  транспортно-логистичките компании. Ги покануваме да го посетат овој саем со специјализирана понуда, соопшти ЕРА Групацијата.

Работното време на саемот е 10 до 18 часот, а влезот е бесплатен.

Партнер на манифестацијата е СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ, најстарата транспортна асоцијација во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

A1on

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Меѓународен саем „Органска трпеза” во Куманово

А1он

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Ана Ололовска