Прекината претстава во новиот театар, подрумските простории поплавени

Од:

Заради невремето што вчера вечер го зафати Скопје, во новиот тетар МНТ била прекината претставата „Вечна куќа“.

Претставата, со која започна новиот театарски фестивал била прекината по првиот чин. Како што вчера изјави градоначалникот Трајановски, подрумските простории на новиот театар, кој е дел од проектот Скопје 2014 се поплавени.

– Театарот функционира нормално и без проблеми. На сцената работиме со полна пареа. Театарот е целосно осигурен од елементарни непогоди и од кражби, рече уметничкиот директор Пројковски.

Во МОБ се санира оштетувањето предизвикано од прокиснувањето по вчерашниот пороен дожд.

makedonska-opera-balet

– Во големата сала нема никакви оштетувања, прокиснување има во салата „Империјал“ и таму штетата веќе се санира, вели Дејан Прошев, директор на МОБ за А1 он.

И во неколку од скопските музеи имало оштетувања од поројниот дожд, но директорите не сакаат да прецизираат колкави се оштетувањата.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Со доделување на наградата за високо актерско достигнување завршува ФКТ „Ристо Шишков“

Предраг Петровиќ

„Галеб“ од Чехов премиерно во битолскиот театар

Предраг Петровиќ

Тетовски актери наградени за најдобра машка и најдобра женска улога на затворањето на „Фестивалот на фестивалите“ во Требиње

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Премиера на претставата „Океанија“ покрај струшкото крајбрежје

Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“