Националниот Фронт победник на европските избори во Франција

Од:

Крајно десничарската партија – Националниот Фронт (НФ) e победник на европските избори во Франција, јавува дописникот на МИА од Париз.

Партијата на Марин Ле Пен на национално ниво освои над 25 отсто од гласовите и претворено во седишта, тоа претставува меѓу 24 и 26 европратеници, далеку пред умерената опозициска десница УМП која освои околу 21 процент од гласовите и од 18 до 20 европратенички места.

Поразот на владејачката социјалистичка партија е тежок, и таа освојува само 14 отсто од гласовите или 13 пратенчки места. Проевропската партија од центарот УДИ-МОДЕМ е четврта политичка сила со околу 10 проценти од гласовите или меѓу седум и девет европратници, Зелените се со околу девет отсто од гласовите и со осум или девет европратеници и крајната левица – Фронтот на левицат освои нешто повеќе од шест проценти од гласовите или четири до пет пратенички места.

Франција во Европскиот парламент брои 74 европратенички места. Ваквиот резултат од европските избори ја става Франција во позиција на слабост, бидејќи најголемиот број од европратеници кои таа ќе ги испрати во Стразбур доаѓаат од крајната десница, два пати повеќе отколку тие од владеачките социјалисти.

Марин Ле Пен, лидерката на НФ, веднаш по соопштувањето на изборите побара распуштање на француското Национално Собрание и свикување на вонредени парламентарни избори, желба која очигледно претседателот Франсоа Оланд нема да ја следи. Но затоа пак НФ во своето седиште во Париз ги објави новите плакати на кои стои дека Националниот Фронт е првата партија во Франција.

Тешкиот пораз за конзервативците од УМП и посебно за владејачките социјалисти предизвикаа внатрешен земјотрес, чии реплики можат да доведат до големи промени во овие умерени политички партии.

Ова е првпат крајнодесничарскиот Национален Фронт да победи на избори во Франција, но и потврда на претходните изборни резултати, како на претседателските, така и на локалните избори од пред еден месец.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм