Екипата на Мајами поведе со 2:1 против Индијана во финалето од плејофот на Источната конференција од НБА шампионатот.
Мајами славеше триумф од 99:87 пред своите симпатизери со што го задржа стопроцентниот учинок во плејофот сезонава на домашен терен (6:0).
Хитси до победата стигнаа благодарение на фантастичната реализација на ударите од игра, особено за три поени притоа реализирајќи 10 од 18 упатени удари.
Леброн Џејмс постигна 26 поени, Двејн Вејд придодаде 23, а Реј Ален 16 поени притоа без промашување ву ударите за три (4/4 за три).
Кај Индијана најефикасен беше Пол Џорџ со 17 поени.
И следниот натпревар ќе се игра во Мајами веќе по два дена, а ноќеска ќе играат Оклахома Сити – Сан Антонио дуел во кој гостите влегуваат со предност од 2:0.