Путин: Сноуден не е руски агент

Од:

Рускиот претседател, Владимир Путин на економскиот форум во Санкт Петербург, изјави дека поранешниот соработник на американската Национална безбедносна агенција НСА, Едвард Сноуден не е нивен таен агент, истакнувајќи при тоа дека Русија не е држава која би им свртела грб на активистите за човекови права.

-Тоа е вистина, а не некоја иронија -рече тој, додавајќи дека Русија на никаков начин не го испровоцирала „случајот Сноуден“.

Според неговите зборови тој смета дека Сноуден се наоѓа на руска територија, поради непрофесионалност на Американците кои се обидоа да го затворат.

Поранешниот американски разузнавач минатата година објави тајни документи, врз основа на кои е разоткриен голем систем на американската влада за надгледување на телефонските и интернет податоци.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот