Најмалку 27 лица загинаа синоќа, кога десетици припадници на Ал Каеда во Јемен влегоа во зградата на Владата и објекти на војската во Сејоун, вториот по големина град во провинцијата Хадрамут, во југозападен Јемен, соопштија јеменските власти.
Екстремистите пристигнале со 15 пикап возила и се обиделе да ја преземат контролата врз градот, на кусо ги зазеле зградите, а изутринава се повлекле од нив, изјави претставник на јеменските сили за безбедност.
Според него во судирите загинале петмина припадници на силите за безбедност, двајца војници и 20 екстремисти.