Обвинителството на Босна и Херцеговина покрена обвинение за стопански криминал против 29 лица и фирми во повеќе градови на БиХ.
Станува збор за случаи на перење пари и даночно затајување во повеќемилионски износи за кои се оштетени буџетот и граѓаните на БиХ.
Ова е едно од најопсежните обвиненија за перење пари и даночно затајување во постдејтонска БиХ, соопшти Обвинителството на БиХ.
Обвинението е покренато во предметот против Маринко Бешлиќ и другите, пренесува сараевскиот „Дневни аваз“, прецизирајќи дека станува збор за 14 лица и 15 претпријатија од подрачјето на Посушје, Цазин, Прњавор и Томиславград.
Со незаконски и фиктивни трансакции извршено е перење на пари во износ од околу 21,7 милион конвертибилни марки (околу 11 милиони евра), како и затајување данок од околу 3,6 милиони марки.
Со обвиниенето е доставен и обемен доказен материјал во дури 26 регистратори со над 1.000 доказни материјали и финансиска документација со која се докажуваат сторените кривични дела, се наведува во соопштението на Обвинителството на БиХ.