ФОТО: Што остана од Србија по циклонот „Тамара“

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ, најави дека доколку се биде под контрола, за викенд може да се очекува престанок на вонредната состојба на територија на цела Србија и таа ќе важи само за одредени општини.

Тој рече дека штетата која што ја предизвикаа поплавите е поголема од 0,64 проценти од БДП, што е услов за помош од фондот на ЕУ и дека според првичните проценки ќе им бидат потребни повеќе од 174,5 милиони евра.

srbijaPosledici (2)

Според податоците евакуираните лица претстојуваат во повеќе од 140 колективни центри, а се иселени вкупно 31.879 лица.

Урнати или потполно уништени се 1.763 објекти, поплавени се 2.260, додека од поплавите се загрозени 39 општини, односно 1.643.832 граѓани.

-Поради одрони оштетени се повеќе патишта, меѓутоа во финансиска смисла најголема штета претрпе Коридор 10 кај Димитровград, каде што штетата се проценува над десет милиони евра- изјави српскиот премиер.

srbijaPosledici (3)

Водената стихија однесе и оштети голем број желенички пруги, 52 јавни објекти, многу училишта, над 300 работни објекти, а најголема штета претрпеа енергетскиот и земјоделскиот сектор.

-Кога се работи за енергетскиот сектор доволно е да се каже дека околу ТЕНТ има вода како во Власинско езеро и таа не се повлекува така бргу, поради што и пумпите за извлекување на вода кои пристигнаа како помош не може да се користат- појасни Вучиќ и додаде дека државата сега купува струја за околу 500.000 до милион евра.

srbijaPosledici (4)

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ