Откриен идентитетот на момчето од фотографијата што го обиколи светот

Од:

Фотографијата на момчето кое целото мокро во рацете носи две спасени преплашени кучиња, изминативе денови го обиколи светот и го пренесе гласот за поплавите во регионот.

„Блиц“ открива дека херојот од фотографијата е 18-годишниот Милутин Радоњиќ од Обреж.

Милутин опиша што точно се случило пред и во моментот на настанувањето на фотографијата.

– Водата надоаѓаше. Побрзав со тракторот да ги истерам животните. Водата веќе беше до колена, но моите се уште беа во куќата. Мислеа дека нема да биде така страшно. Тргнав веднаш со пријателите да ги спасуваме старите луѓе. Властите рекоа дека треба сите да се иселат, почнаа да попуштаат оградите, двете соби кај пријателот се урнаа… Трчав како будала, се плашев од она што би можело да се случи, раскажува Милутин за „Блиц“.

Кога се било завршено, Милутин се сетил на Црнка и Роки, неговите две шестомесечни кучиња, кои во тие моменти се бореле за живот.

– Мислев дека тие се позади куќата, но за среќа биле пред неа. Видов како на едното куче водата му дошла до вратот и како ја гребе оградата барајќи помош. Го фатив едното, па потоа и другото… Почнаа солзи, рзакажува Милутин.

Неговата борба за блиските не заврши и Милутин порачува само едно: „Нема крај додека сите не бидат на сигурно“.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ