Николиќ: Србија нема да моли за помош, време е за солидарност

Од:

Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска во Париз изјави дека претседателот на Франција ја прифатил иницијативата неговата држава да биде покровител на меѓународен собир за донации за државите погодени од катастрофалните поплави, јави Танјуг.

– Благодарам на сочувството на Франција за се со што се соочи Србија изминатата недела, на несебичната помош за спас на многу човечки животи, како и на прифаќањето и од сега на предводењето на иницијативата за одржување голем собир на светските држави за собирање помош за државите зафатени од поплавите, изјави Николиќ по средбата со францускиот претседател Франсоа Оланд.

Николиќ порача дека Србија нема да моли за помош, истакнувајќи дека е време за солидарност. – Не можеме да ги покриеме сите штети со донации и помош, можеби три четвртини ќе треба сами да ги обезбедиме. Но, во незгода е се што човек ќе добие, секој знак на внимание, солидарност и помош се знак за вечност. Не го посакувам ова на никого, но треба да знаете дека Србија знае да се оддолжи за пријателството. Србија нема да моли за никаква помош, нема да инсистира на тоа дали има право на нешто или не. Ова е време за солидарност, а не за молење, порача српскиот претседател.

Двајцата претседател разговарале и за други прашања, како што е економската соработка, помошта на Франција за Србија на патот кон ЕУ и одбележувањето на стогодишнината од Првата светска војна.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ