Швајцарецот Рожер Федерер стартуваше со победа на Грен слем турнирот во Париз и со тоа го изедначи рекордот во победи на Џими Конорс на Грен слем турнирите.
Федерер беше подобар од Германецот Камке со 6:2, 7:5, 6:3. Ова е 233 победа на Швајцарецот на четирите најсилни турнири на кои има и 35 порази. Учинокот на Конорс е 233 победи и 48 порази.
Во второто коло Швајцарецот ќе игра против Романецот Унгур, кој го совлада Давид Налбандијан со 3:1.
Најдобрата тенисерка на светот Викторија Азаренка беше на работ на испаѓање во првото коло од Ролан Гарос, но успеа да се врати во мечот и победи.
Азаренка на стартот на вториот Грен слем ја совлада Италијанката Алберта Бријани со 6:7(6:8), 6:4, 6:2.
Белорусинката во второто коло ќе игра против Германката Дина Фиценмајер, која беше поуспешна од Каролина Гарсија со 3:6, 6:4, 6:3.