Во поплавите во Србија исчезнале 800 лица

Од:

За време на поплавите во Србија 798 лица биле пријавени од блиските за изчезнати, но 215 од нив веќе се откриени, соопшти српското МВР.

Тие луѓе не се сметаат за загинати. Во повеќето случаи станува збор за луѓе кои се спасиле самостојно или биле евакуирани и изгубиле врска со блиските. Или за тие, кои одбиле да бидат евакуирани и останале во своите домови. На некои места зафатени од поплавите се уште нема струја, што значи дека луѓето не можат да ги контактираат своите блиски.

Вчера српскиот премиер соопшти дека досега 27 лица ги загубиле животите во поплавите. Тој истакна дека конечната бројка ќе биде соопштена подоцна.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ