ЕНЕЛ ќе трага по јаглеводороди во Западна Грција

Од:

Грчкото Министерство за животна средина, енергетика и климатски промени и одобри на италијанската енергетска компанија ЕНЕЛ да започне со потрага по јаглеводороди во три реони во Западна Грција, јави грчкото Радио Скајп.

Со одлуката на Министерството се предвидува ЕНЕЛ да врши истражувања во реоните на Арта и Превеза во областа  Етолоакарнанија и во северозападниот дел на полуостровот Пелопонез.

Радиото наведува дека се очекува во следниот период Грција да одобри истражување и експлоатација на јаглеводороди и на други компании, со што државата би привлекла инвестиции во износ од 700 милиони евра.

Грчкиот премиер Андонис Самарас неодамна изјави дека Грција очекуква од експлоатација на јаглеводороди во следните 30 години да оствари приход од околу 150 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит