Рускиот патријарх Кирил изрази сочувство и упати поддршка за семејствата на жртвите од катастрофалната пополава во Србија, но и ги повика граѓаните на Русија да се вклучат во донирање помош.
-Големите поплави однесоа неколку животи. Урнати се куќи, уништени патишта, многу луѓе загубија се што имаа. Сигурен сум дека вие, браќа и сестри, имате сила повторно да живеете во мирни услови. Ќе се молиме и заедно со вас ќе работиме, за да ги надминете последиците на страшната несреќа-стои во соопштението на патријархот.
Повикувајќи ги граѓаните да им помогнат на настраданите во поплавите во Србија, тој наведе дека РПЦ во Белград и Московската патријаршија започнале да собираат средства со кои ќе му помогнат на братскиот српски народ.
Е. Г.