Состојбата во поплавените подрачја во Србија е стабилна

Од:

Состојбата во поплавените подрачја во Србија е стабилна, а денес се очекува евакуираните жители на Барич да се вратат во своите домови.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во нивниот оперативен центар од 18 мај до денес, од поплавените подрачја како исчезнати се водат 798 лица.

Од министерството напоменуваат дека тие бројки не се прецизни, бидејќи повеќе граѓани пријавуваат исчезнување на едно лице.

На поплавеното подрачје до сега се пронајдени 27 жртви, од кои најмалку десет или 11 починале од природна смрт.

Републичкиот штаб за вонредни состојби, донесе одлука утрово со автобуси да се вратат сите раселени лица од Барич, а се разгледува можност и за враќање на еден дел жители на Обреновац.

Инаку претседателот на општина Обреновац, Мирослав Чучковиќ ги отфрла обвиненијата дека задоцнил да ги алармира граѓаните, од опасност од поплавите.

Српскиот премиер, Александар Вучиќ рече дека обновата на државата ќе се одвива во четири фази и дека од донатори се очекува една четвртина од потребните финансиски средства.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ