„Време за чекање немаме, луѓето мора да се движат, и тоа е првата работа која ќе ја направиме“, рече српскиот премиер Александар Вучиќ, кој додаде дека обновата на државата и санирање на материјалната штета ќе се спроведуваат во четири фази.
Како што нагласи тој, фазите ќе се одвиваат преку обнова на електроенергетскиот систем, патната инфраструктура, санирање на штетите во куќите и другите објекти и што е од клучно значење, креирање на економскиот раст и обнова на севкупната економска енергија.
Според неговите зборови патната мрежа е оштетена многу повеќе од железничката и некои патни правци долго нема да бидат проодни за патнички, а особено за товарен сообраќај, поради што порача во наредните десет дена да се започне обновата на патната инфраструктура.
Тој наведе дека најитно треба да се започне и со обнова на куќите и тоа пред се на оние кои останаа без кров на главата и дека ќе се обидат таа работа да ја завршат за два до три месеци.
Е. Г.