Вучиќ: Во поплавите животите ги загубија 27 лица

Од:

Во Србија во поплавите животот го загубија вкупно 27 лица, од кои најмалку десет или 11 починале од природна смрт, изјави денеска српскиот премиер Александар Вучиќ.

– Не може се уште точно да се утврди бројот на починати и загинати во поплавите и тоа треба да го утврдат лекарите кои вршат обдукција, рече Вучиќ.

Засега не прецизираше колку луѓе загинале во Обреновац, кој беше најтешко погоден од поплавите.

– Најдовме луѓе кои бегале во џип, мислејќи дека ќе ја избегнат водата, а се извлече само еден човек, додаде српскиот премиер.

Вучиќ нагласи дека нема повеќе пријавени исчезнати лица.

До синоќа официјално беа потврдени 22 жртви во поплавите, од кои 14 во Обреновац и една во Свилајнац, додека за останатите лица не е прецизирано каде го загубиле животот.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ