Хрватскиот министер за здравство Рајко Остоиќ прогласи денеска опасност од епидемии од заразни болести во поплавените реони, јави Хина.
Остоиќ на прес-конференција изјави дека ја донел одлуката откако синоќа хрватската Влада објави состојба на катастрофа во Вуковарско-сремската област.
Првпат по повеќе од 20 години, хрватски министер за здравство носи ваков вид одлука.