Во Брчко експлодира мина донесена од поплавите

Од:

Мина донесена од поплавата, експлодира денеска на подрачјето на босанскиот Дистрикт Брчко. Во инцидентот никој не е повреден.

Центарот за отстранување на мини во Босна и Херцеговина предупреди дека надојдените реки поместувале мински полиња поради што се можни експлозии. Центарот ги предупреди граѓаните со импровизирани ознаки да ги обележат минираните места, да не ги допираат мините и да ги известат надлежните органи.

Од мини најзагрозени се подрачјата на Босанска Посавина, Тузланскиот кантон, подрачјата на Добој, Маглај, и Олово и Унско-санскиот кантон, кои беа најмногу зафатени од поплавите.

– Заедно со посебниот тим на белгиската воена академија, во текот на денот беспилотното летало ќе го сними подрачјето на Маглај и Добој за да го утврди поместувањето на минските полиња, како последица на поплавите и свлечиштата, соопшти Центарот за отстранување на мини.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници