Мајка сама спасувала четири деца од Обреновац, таткото побегнал

Од:

Поплавите кај повеќето граѓани во Србија ги извлекоа на површина храброста, несебичноста и пожртвуваноста, но за жал не кај сите.

Триесет и двегодишната Кисмета Крсниќ сама ги спасувала своите четири деца, бидејќи сопругот бил меѓу првите кои се евакуирале од Обреновац.

-Кога започна поплавата, мојот сопруг веднаш побегна и ме остави мене сама со нашите деца, од кои Митија има само седум месеци. Водата беше околу нашата куќа и не знаев што да правам, но за среќа едно момче ми помогна, бидејќи во спротивно ќе се удавевме- раскажува Кисмета.

poplaviiiii-obrenovac0s

Таа со своите четири деца е сместена во прифатилиштете „Славија“ од каде што ја раскажува својата потресна приказна.

-Тоа хумано момче го зеде малиот Митија, а јас за раце ги држев Марија и Никола, додека Кристина како најстара од нив одеше покрај мене. Во еден момент дојдовме до мостот преку кој требаше да преминеме на другата страна, каде што не чекаше трактор. Мостот беше лизгав и шестгодишната Кристина падна во водата. Не можам да опишам како се чувствував во тој момент, беше како во најголем кошмар. Во тој момент бев парализирана, за среќа соседот кој се најде на мостот, без размислување скокна во водата и ја спаси ќерка ми, која при падот се здоби со повреда на главата- се потсетува Кисмета.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ