Кошаркарите на Мајами успеаја да стигнат до првата победа во финалето на Источната конференција. Ноќеска на теренот на Индијана славеа со 87:83 (20:21; 21:16; 21:26 и 25:20).
Со овој триумф го изедначија резултатот на 1:1 во победи и следните два натпревара ги играат на домашен терен.
Најефикасни кај победникот беа Леброн Џејмс со 23 и Двејн Вејд со 22 поена. Во екипата на Индијана и на натпреварот најпрецизен беше Ленс Стивенсон со 25 поени, но потфрлија Пол Џорџ (14 поени) и Дејвид Вест (10 поени) кои заедно имаа шут од игра 9 погодени од 32 обида.
Вечер се игра вториот натпревар од финалето во Западната конференција меѓу Сан Антонио и Оклахома Сити. Водство од 1:0 има Сан Антонио.