Луис Енрике нов тренер на Барселона

Од:

Луис Енрике Мартинез и официјално е новиот тренер на шпанскиот фудбалски гигант Барселона.

Во краткото соопштение објавено на официјалната веб страница на каталонскиот клуб само се наведува дека на предлог на спортскиот директор Андони Зубизарета бордот на директори на Барселона, одлучил да му даде шанса на досегашниот тренер на Селта Виго, Луис Енрике.

Ерике (44) ќе го замени Тата Мартин на кормилото на Барселона, на кое треба да биде во наредните две сезони, период на кој е потпишан договорот меѓу Барселона и Енрике.

Инаку Енрике од 1996 до 2004 година настапуваше за каталонскиот клуб откако претходно го носеше дресот на големиот ривал Реал Мадрид.

Својата тренерска кариера Енрике ја започна 2008 година во „Б„ тимот на Барселона. Тој сезоната 2011/2012 ја предводеше и италијанската екипа Рома, по што мина две сезони во редовите на Селта Виго.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска