Пливачите на Бета први на Делфин купот во Скопје

Од:

Пливачкиот клуб „Бета“ под раководство на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, го освои првото место на пливачкиот митинг „Делфин куп 2014“ кој се одржа викендов на Олимпискиот базен во Скопје.

– Успесите кои ПК „Бета“ ги постигнува во изминатиот период се гаранција за високи натпреварувачки стандарди на Европски натпреварувања. Во својство на главен тренер на ПК „Бета“ сметам дека го подигнавме спортскиот стандард и спортската култура, а оти реализираните  натпревари придонесоа кон развој на пливањето во Република Македонија, истакна Игор Димовски тренер на пливачкиот клуб „Бета“.

Меѓународниот пливачки митинг Делфин Куп е веќе традиционален настан кој оваа година се организира по десети пат. Учество земаа пливачи од 5 држави, од поголем број реномирани клубови во регионот. Се натпреваруваа повеќе од 350 пливачи поделени во шест старосни категории, до 9 години, 10, 12, 14, и до 16 години и постари.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска