Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат од 0,5 до еден денар за литар, а цената на дизелот ќе остане непроменета и во нарредните 14 дена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Бензинот Еуросупер БС-95 поевтинува за еден денар и ќе чини 79 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-98, пак, се намалува за 0,5 денари и ќе се продава по 80 денари за литар.
Еуродизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат со досегашните цени – 67,5 односно 56 денари за литар.
За 0,782 денари поскапува мазутот, и еден килограм ќе чини 40,492 денари.