Норвешка ќе донира 63 милиони долари за Јужен Судан

Од:

Норвешка ќе донира хуманитарна помош во висина од 63 милиони долари за Јужен Судан, соопшти Владата во Осло.

Во Осло дехнеска и утре се одржува меѓународна конференција за собирање на хуманитарна помош за Јужен Судан. Норвешката Влада е еден од главните западни поддржувачи на Јужен Судан.

Норвешка минатата година испрати 17 милиони долари помош за Јужен Судан.

Во најмладата држава во светот од декември има судири кои се очекува да се интензивираат во следните месеци. Во декември 2013 година изби насилство меѓу силите на претседателот Салва Кир од племето динка и силите на поранешниот негов заменик Риек Мачар од племето нуер. Во јули 2013 година Кир го разреши Мачар.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани