Екипата на Севиља со победа во Примера ја заврши успешната сезона и по освоениот пехар во Лига Европа се пласира на 5.место веднаш зад најдобрата четворка во шампионатот. Во последното 38.коло синоќа на домашен терен Севиља славеше над Елче со 3:1.
На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Алмерија – Атлетик Билбао 0:0, Осасуна – Бетис 2:1, Ваљадолид – Гранада 0:1, Рајо Ваљекано – Хетафе 1:2, Реал Сосиедад – Виљареал 1:2, Валенсија – Селта 2:1, Барселона – Атлетико Мадрид 1:1, Реал Мадрид – Еспањол 3:1 и Малага Леванте 1:0.
Во Лигата на шампионите во следната сезона ќе играат: Атлетико Мадрид, Барселона, Реал Мадрид, Атлетик Билбао (квалификации).
Пласман во Лига Европа изборија: Севиља, Виљареал (квалификации) и Реал Сосиедад (квалификации). Лигата ја напуштаат: Осасуна, Ваљадолид и Бетис.
Конечна табела: Атлетико Мадрид 90 бодови, Барселона 87, Реал Мадрид 87, Атлетик Билбао 70, Севиља 63, Виљареал 59, Реал Сосиедад 59, Валенсија 49, Селта 49, Леванте 48, Малага 45, Рајо Ваљекано 43, Хетафе 42, Еспањол 42, Гранада 41, Елче 40, Алмерија 40, Осасуна 39, Ваљадолид 36, Бетис 25.