Шестмина владини скужбеници и двајца цивли загинаа во напад на туарешките бунтовници врз зградата на гувернерот во малискиот град Кидал, изјави вчера шефот на мисијата на Обединетите нации во Мали, Алберт Кундерс.
– Тоа варварско криминално дело е неприфатливо и виновниците треба да ја преземат одговорносата за своите дејствија, се посочува во соопштението на мировната мисија на ОН.
Министерството за одбрана на Мали соопшти дека 36 лица, меѓу кои осум војници, загинале изминатите денови во судири во Кидал, кој е засолниште на туарешките бунтовници. Најмалку 30 државни службеници се земени како заложници.