(ВИДЕО) Атлетико Мадрид шампион на Шпанија

Од:

Екипата на Атлетико Мадрид е новиот шампион на Шпанија откако вечерва во натпреварот од последното 38. коло на гостувањето кај директниот конкурент за титулата Барселона одигра нерешено 1:1. Овој бод беше доволен за Атлетико да ја освои титулата.

Натпреварот на „Камп Коу“ не почна добро за избраниците на гостинскиот тренер Диего Симеоне, откако поради повреди мораше да ги замени Диего Коста во 16. минута и Арда Туран во 23. минута.

Барселона поведе со прекрасниот гол на Алексис Санчез во 34.минута. Но, на почетокот на вториот дел по корнер Диего Годин изедначи на 1:1 во 49. минута. Тоа на крајот се покажа дека е и конечниот резултат.

Атлетико Мадрид ја освои титулата со 90 бодови, три повеќе го Барселона и Реал Мадрид кои освоија по 87.

Денеска во натпреварот од последното коло Реал Мадрид го победи Еспањол со 3:1, а вчера Малага беше поуспешна од Леванте со 1:0.

Вечерва се игра натпреварот Валенсија и Селта, додека другите дуели на програмата се утре, кога ќе бидат познати и екипите кои покрај Бетис ќе ја напуштат лигата.
За Атлетико Мадрид ова е вкупно 10.та титула шампион на Шпанија, а прва по 1996 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска