Екипите на Оклахома и на Индијана ќе играат во конференциското финале од НБА плеј-офот, откако ноќеска постигнаа победи над своите противници.
Во неизвесен дуел од Западната конефернција Оклахома до четвртата победа во серијата против ЛА Клиперс дојде предводена од Кевин Дјурант и Расел Вестбрук. Конечниот резултат е 104:98.
Дјурант запиша 39 поени и 16 скокови, додека Вестбрук реализира 19 поени со 12 асистенции. Кај Клиперси најефикасни беа Крис Пол со 25 и БлејкГрифин со 22 поени.
Индијана се избори за финале на Истокот по победата над Вашингтон со 93:80. Двата финалисти полуфиналната пресметка ја завршија со 4-2 во победи.
Финалето во Источната конференција меѓу Индијана и Мајами ќе почне в недела навечер, додека финалето на Запад меѓу Сан Антонио и Оклахома Сити е закажано за понеделник навечер.