Зелениот чај ја подобрува меморијата?

Од:

Научното истражување во Кина откри дека зелениот чај ја подобрува регенерацијата на мозочните ќелии и позотивно влијае на меморијата.

„Иако од страна на научниците, докажано е благотворното дејство на зелениот чај на кардиоваскуларните болести, сега пред нас се докази за хемиските состојки кои директно влијаат на механизмите во мозокот“, изјави професор Јун Баи.

Кинеските научници особено се фокусирале на хемиската состојка EGCG која се наоѓа во зелениот чај.

„Точно оваа супстанца го помага процесот на неурогенеза во мозокот. Ова откритие може да помогне во борбата против дегенеративните болести и губењето на меморија“, вели професор Баи.

Истражувањето е објавено во научното списание „Molecular Nutrition & Food Research“.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска