Русите ќе прават своја „Евровизија“?

Од:

По победата на Кончита Вурст на „Евровизија“, руски пратеници одлучија да предложат креирање на сопствена верзија на овој натпревар.

За оваа идеја се залага пратеникот Валериј Рачкин, кој што ја повика Русија да го напушти конкурсот за песна за „Евровизија“ и да организира паралелна манифестација, која би го носела името „Гласот на Евровизија“.

-Резултатот од последната „Евровизија“ беше капка која што ја прелеа чашата. Треба да го напуштиме тој натпревар, не смееме веќе да го трпиме тоа лудило- рече тој, пренесе „Интерфакс“.

Ставот на Рачкин го поддржа и неговиот колега Олег Нилов.

-На нив не им се допаѓаат нашите девојки, бидејќи тие немаат брада. Тие не ги сакаат нашите песни- рече тој.

Инаку руската православна црква, победата на транвеститот ја оцени како уште еден чекор кон отфрлање на христијанскиот идентитет на европската култура.

Одредени руски рок музичари и телевисзиски ѕвезди објавија фотографии на кои се гледа нивното лице покриено со пена за бричење, додека некои уметници покажаа солидарност со австриската пејачка.

Руски ЛГБТ активисти за 27. мај, во Москва најавија протестен марш на жени и мажи со брада.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија