Мајами на чекор до финалето на „Исток“, прва победа за Портланд

Од:

Кошаркарите на Мајами се на наоѓаат на една победа до пласман во финалето на Источната конференција, бидејќи ноќеска го победија Бруклин на негов терен со 102:96 и повеоа со 3-1 во победи, додека Портланд ја постигна првата победа (103:92) во серијата против Сан Антонио.

Првиот играч на шампионот Мајами, Леброн Џејмс постигна за него рекордни 49 поени во плеј- офот со шут од игра 16 погодени од 24 обиди.

Со победа во следниот натпревар на домашен терен Мајами ќе се пласира во конференциското финале.

На вториот дуел ноќеска Портланд првпат се радуваше над триумф над ланскиот финалист Сан Антонио со 103:92.
Најефикасен беше Дамиан Лилард со 25 поени. Следниот натпревар се игра на теренот на Сан Антонио, кој има предност од 3-1 во победи.

Вечерва се играат два натпревара од НБА плеј-офот: Индијана – Вашингтон (3-1 победи) и Оклахома Сити – ЛА Клиперс (2-2).

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on