На НБА натпреварите од плеј-офот минимални победи синоќа остварија ЛА Клиперс и Индијана.
Тимот на ЛА Клиперс кој беше во негатива во дуелот со Оклахома Сити успеа да надополни 20 поени разлика и на крајот да слави победа со 101:99, откако Расел Вестбрук не погоди тројка за триумф на гостите. Со оваа победа ЛА Клиперс изедначи во серијата на 2-2 во победи.
Во последната четвртина Дарен Колисон постигна 12 од своите 18 поени. Најефикасен кај победникот беше Блејк Грифин со 25 поени, додека Кевин Дјурант кај Оклахома реализира 40 поени.
Следниот натпревар се игра на теренот на Оклахома Сити.
По слабиот старт во разигрувањето за титулата Индијана делува се посигурно. Ноќеска Ја постигна и втортата победа на гостински терен против Вашингтон или трета во серија. Индијана славеше со 95:92 и сега има предност од 3-1 во победи.
Најдобар на теренот беше Пол Џорџ со 39 поени и 12 скока.
Со евентуална победа во следниот дуел на домашен терен Индијана ќе се избори за финале на „Исток“.
Вечерва се играат натпреварите: Бруклин – Мајами (1-2 победи) и Далас – Сан Антонио (0-3).