Почина хрватскиот генерал Мартин Шпегељ

Од:

Поранешниот хрватски министер за одбрана, пензионираниот генерал Мартин Шпегељ, почина на 87-годишна возраст, објавија медиумите во Хрватска.

Во првата половина на 80-те години на 20-от век Шпегељ беше командант на Територијалната одбрана во Хрватска, а во 1985 година ја презеде командата над Петтата армиска област на некогашната Југословенска народна армија (ЈНА), чие седиште беше во Загреб.

По првите повеќе партиски избори во Хрватска стана министер за одбрана, но беше принуден да поднесе оставка на функцијата во мај 1991 година, по објавувањето на тајно снимените преговори за купување на оружје на црно за потребите на идните вооружени сили на Хрватска.

Неколку месеци по напуштањето на министерската функција, Шпегељ е именува за главен инспектор на новата Хрватска војска, должност на која останува до пензионирањето во 1993 година.

Шпегељ е роден во 1927 година во местото Стари Градец близу Вировитица. Во 1942 година заминува во партизани, а по завршувањето на Втората светска војна останува во ЈНА како активно воено лице. Се школувал на Високата воена академија и Борбената школа на ЈНА.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег