Екипата на Сан Антонио се наоѓа пред пласман во финалето од плеј-офот во Западната конференција, откако ноќеска победи на гостувањето кај Портланд со 118:103.
За Сан Антонио ова беше третата победа во серијата прв до четири. Предводници до триумфот беа Тони Паркер со 29 поени и Тим Данкан, кој имаше 19 реализации.
Домашниот терен ноќеска го искористи Бруклин, кој стигна до првата плеј-оф победа во пресметката со Мајами. Конечниот резултат е 104:90. Во конференциското полуфинале на Истокот, Мајами води со 2-1 во победи.
И вечерва се играат два натпревара од разигрувањето за титулата во НБА лигата.
Двојките се: ЛА Клиперс – Оклахома (1-2 во победи) и Вашингтон – Индијана (1-2).