Турција ќе ги информира странските медиуми за слободата на печатот во земјата

Од:

Турската Влада презема чекори за подобро да ги информира странските новинари за вистината во Турција, изјави турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.

Тој навести дека неодамнешните критики од меѓународните организации за слободата на печатот во Турција се предизвикани од погрешно сфаќање, јави „Хуриет дејли њуз“.

Коментирајќи го неодамнешниот извешатј на американската невладина организација „Фридом хаус“ за слободата на печатот во Турција, Давутоглу претпоставува дека станува збор за погрешно сфаќање на ситуацијата по тоа прашање.

Овој став Давутоглу го изразил на вчерашната средба на групата за мониторинг на реформите, во која учествуваат и министерот за ЕУ Мевљут Чавушоглу, министерот за правда Бекир Боздаг и министерот за внатрешни работи Ефкан Ала.

– Постигнавме согласност за поблиски контакти со странските медиумски организации и по тој повод ќе ги поканиме во Турција и ќе им дадеме можност подобро да ја видат вистината за земјата, итскна на прес-конференција шефот на турската дипломатија.

Давутоглу ја критикуваше организацијата Фридом хаус, која од „делумно слободни земја“ годинава Турција ја вброи во групата „неслободни земји“.

– Ако Турција е во истата категорија со Северна Кореја, никој не може да каже дека тоа е објективно. Тоа е навреда не само за Владата, туку и за стандардите кои ги достигна Турција, потенцира Давутоглу.

Тој вели дека има сериозни разлики во бројките посочени од „Фридом хаус“ и оние на турското Министерство за правда.

– Има само петмина новинари, со новинарска легитимација, кои се во затвор, но таму се од различни обвиненија, а не затоа што се новинари. Но според извештајот, 44 новинари се наоѓаат во затворите во Турција, посочи Давутоглу.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ