Шеесет и двегодишниот Шефер Чалинак, гостувајќи во едно реалити шоу за пронаоѓање партнери на турска телевизија, призна дека ја убил својата прва сопруга и жената со која бил во врска, но вети дека нема да и го загрози животот на својата идна сопруга.
Како што пренесе „Франс прес“, овој човек најпрвин ги запрепастил гледачите со своето признание дека е двократен убиец, а потоа веднаш објаснил дека се сменил и дека сега е „чесен човек, кој бара нова жена“.
-Жената која ќе се омажи со мене, не мора да стравува дека ќе ја убијам. Имам намера да и го дадам се она што ќе го заработам- истакна тој и набргу потоа беше замолен да го напушти студиото.
Во изјавата која што подоцна ја дал за весникот „Хабертурк“, тој рекол дека својата прва жена ја убил од љубомора, а втората од невнимание, додека „се играл со секира“ и дека за тоа долги години бил во затвор.
-Кога ќе кажам дека сум ги убил своите поранешни сопруги, жените веднаш ме напуштаат. Поминав 14 години во затвор и сега сум друг човек – вели тој.
Е. Г.