По неуспехот на Тијана Дапчевиќ да се пласира во финалето на Евросонгот, се огласи и нејзината сестра Тамара Тодевска која ѝ беше придружен вокал на сцената во Копенхаген.
Еве што напиша Тамара на својот Фејсбук-профил:
– Е сега вака… Македонија немала подобар претставник… Не што е моја, ама заслужуваше финале… Реално, очекувавме сите, морате да признаете, ама тоа е. Според мене, Македонија не теба да учествува повеќе на Евровизија. Доволно беше… Ве сакаме!!! Фала на поддршката…