„Елефтеротипија“: Предизборни стравувања на грчките кредитори

Од:

Во пресрет на изборите за членови на Европскиот парламент во Грција, закажани за 25 мај, грчките кредитори се повеќе стравуваат од нова политичка нестабилност на Грција поради очекуваната изборна победа опозициската Коалиција на радикалната левица (Сириза), оценува во денешното издание атинскиот весник „Елефтеротипија“.

Весникот наведува дека кредиторите, а пред се Меѓународниот монетарен фонд, стравуваат дека евентуалната победа на Сириза би можела да го загрози понатамошното спроведување на програмата за финансиска консолидација на земјата.

„Елефтеротипија“ во својот коментар оценува дека изјавите на загриженост на претставникот на ММФ, Џери Рајс, всушност можат да се сметаат како повик до гласачите да гласаат за партиите од владината коалиција – Нова демократија и ПАСОК.

Според весникот, со повиците дека на Грција и е потребна „политичка стабилност“, ММФ „по којзнае кој пат недозволиво се меша во грчкиот политички живот при претстојниот изборен натпревар“.

„Елефтеротипија“ прашува како технократите од ММФ одредуваат што е политичка стабилност. – Зарем политичка стабилност претставува сегашната сурова реалност која ја преживува Грција со 1,5 милиони невработени и со општество кое е паднато на колена по петгодишните штедења. Напротив оваа реалност покажува вакуум на власта и отсуство на национална политика во интерес на граѓанското општество, заклучува „Елефтеротипија“.

Според весникот, ваквите оценки на кредиторите во основа покажуваат дека во блиска иднина тие не би можеле лесно да најдат други политичари во Атина кои се подготвени да ги спроведуваат нивните заповеди како што тоа во последните две години го прави Кабинетот на грчкиот премиер Антонио Самарас.

– Ако ММФ „гласа“ за двете партии од владината коалиција, тоа би требало јасно да им укаже на Грците за кои партии тие не треба да гласаат, заклучува „Елефтеротипија“ во својот коментар.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит